Top Sport

Градоначалникот на Неапол: Јуве е корумпирана моќ која краде од државата

Градоначалникот на Неапол, Луиџи де Магистрис влезе во остар „прикриен“ напад на Јувентус, обвинувајќи го клубот од Торино дека „краде од државата“ и дека е „корумпирана моќ“ во Италија.

Иако, Де Магистрис не го спомена директно Јувентус во својот пост на Фејсбук, италијанските медиуми јасно проценија дека се работи за италијанскиот шампион, два дена по обвинувањата дека го победиле Интер со помош на судиите. Наполи од друга страна беше „потопен“ со 3:0 од Фиорентина, и остана на четири поени зад „бјанконерите“.

„Јас секогаш ќе бидам горд наполитанец, во радост и во тага, со сите наши маани и сили. На нашиот град и на наполитанците им е смачено од неправдата. Ќе земеме сè назад што ни украдовте. Ќе го освоиме тоа што е наше. Разликата меѓу нас и тие кои ни ги кратат правата е во тоа што ние живееме за љубов и имаме голема човечност, додека тие се чувствуваат силни и моќни со крадење од државата или од фудбалот. Сè ќе си вратиме, без жалење, туку со борба. Нашата чест е бесценета, нашата жед за правда е огромна. Обединети ќе ги срушиме палатите на корумпираната моќ“, напиша емотивно Де Магистрис.

Scroll to Top