Крилото на Ватфорд, Жерард Деулофеу беше изненаден што Барселона не се сети да го постави и неговото име на маичката на која беа напишани сите заслужни за титулата во Ла лига.
Барса победи во Ла Коруња со 4:2 за да се обезбеди титулата на четири меча пред крајот на шампионатот, а во текот на прославата играчите на Блауграна носеа маички на кои ги имаше имињата на играчите кои беа дел од шампионскиот тим.
Деулофеу, кој имаше 10 настапи за Барселона, пред во јануари да биде позајмен на Ватфорд, не беше на листата.
„Шампиони на лигата. Ова е и мое нели?“, напиша Деулофеу на Твитер со фотографија од маичката.
Да бидеме фер, на листата го нема ниту Арда Туран, ниту Хавиер Маскерано, уште двајца играчи кои во јануари заминаа од „Ноу Камп“.
Фото: ЕПА
CAMPEONES LA LIGA 1/2 ? también es mía no..? ? @FCBarcelona_cat pic.twitter.com/Br5AG3H9ny
— Gerard Deulofeu (@gerardeulofeu) April 29, 2018