Top Sport

Џенова сака Македонци! По Пандев, следната цел е Несторовски

Според ТВ каналот „Примо канале“ од Џенова, клубот од славниот град следната година во своите редови сака да види уште еден Македонец, Илија Несторовски, покрај ветеранот Горан Пандев.

Несторовски и оваа сезона блеска за Палермо, иако во Серија Б, и тимот уште е во игра за влез во Серија А, од што ќе зависи овој трансфер.

Џенова во моментот е на безбедното 11. место во Серија А, откако ја надмина кризата од средината на шампионатот, кога дури беше во зоната за испаѓање. Од другата страна, Палермо е на третото место во Серија Б, со ист број на поени како второпласираната Парма. Само првите два клуба од Серија Б обезбедуваат директен пласман во елитата, додека другите шест играат плеј-оф.

Фото: ЕПА

Scroll to Top