Атланта Хокс го израмнија резултатот во серијата со Милвоки Бакс на 2:2. Четвртиот меч од серијата Хокс го добија убедливо, со 110:88. Атланта до важната победа дојдоа без повредениот Тре Јанг.
Лу Вилијамс, кој го замениа Јанг во стартната постава ги предводеше Хокс со 21 поен, пет скока и осум асистенции. Поен помалку постигна Богдан Богдановиќ. Србинот постави личен плеј-оф рекорд со шест тројки.
Кај Бакс се истакнаа Џру Холидеј со 19 поени, пет скока и девет асистенции, Крис Мидлтон со 16, односно Јанис Адетокумбо со 14 поени.
Грчкиот репрезентативец го повреди коленото во третата четвртина, го напушти теренот и до крајот не се врати во игра. Неизвесно е дали ќе игра во петтиот меч.