Осмина-финалните натпревари на Европското првенство донесоа сензационални резултати. Турнирот во оваа фаза заврпи за бранителот на трофејот Португалија, односно актуелниот светски првак и вице-првак, Франција и Хрватска. Настапот на првенството го заврши и репрезентацијата на Германија.
Пред почетокот на шампионатот, Ф-групата, во која беа Португалија, Франција, Германија и Унгарија, ја доби етикетата „група на смртта“. Прогнозите беа дека Унгарија ќе испадне, а една репрезентација од оваа група ќе игра во финалето.
На крајот, групата беше толку „смртоносна“, што ниту една од фаворизираните селекции не успеа да се пласира во четврт-финалето.
Германија во последните 15 минути го загуби дуелот со Англија (0:2), Португалија доживеа пораз од Белгија (0:1), а Франција по изведувањето на пенали загуби од Швајцарија.