Top Sport

Вардар 1961 од вториот шешир ќе ги чека противниците во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ), во пресрет на ждрепката за Лигата на шампионите ги објави квалитативните шешири. Македонскиот шампион Вардар 1961, противниците ќе ги чека од вториот шешир.

Ждрепката ќе биде извршена на 2.јули, во седиштето на ЕХФ, во Виена. Вардар 1961 ќе биде вклучен во ждрепката но настапот на македонскиот првак е неизвесен. ЕХФ, му наложи на Вардар 1961, да уплати гаранција од 1.000.000 евра во две рати, најдоцна до 27.јули.

Доколку Вардар 1961 не ја уплати наведената сума тогаш на неговото место во Лигата на шампионите ќе влезе Горење Велење.

Шешир 1: Барселона, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед
Шешир 2: Вардар 1961, Алборг, Кјелце, Порто
Шешир 3: Мешков Брест, Фленсбург, Веспрем, Монпелје
Шешир 4: Мотор, ППД Загреб, Динамо Букурешт, Елверум

Тимови од иста земја не можат да играат во иста група.

Фото/ rkvardar.mk

Scroll to Top