Top Sport

Меси од полноќ е слободен играч

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Лионел Меси, од полноќ ќе биде слободен играч. Напаѓачот кој пред 21 година пристигна во Барселона може да го напушти клубот во слободен трансфер.

Меси (34), за Барселона има одиграно 778 натпревари, постигнал 672 голови и забележал 305 асистенции.

Аргентинецот минатото лето побара дозвола да го напушти клубот, незадоволен од хаосот што го предизвика тогашниот претседател Џозеп Марија Бартомеу. Тогаш, Бартомеу изјави дека Меси може да замине доколку биде платена откупната клаузула од 70 милиони евра.

Во меѓувреме Бартомеу си замина, на неговот место дојде Џоан Лапорта. Останувањето на Меси во клубот беше неговиот главен адут на претседателските избори.

Четири месеци по изборите, Лапорта, не успа да го наговори Меси да потпише нов договор.

Најголем проблем претставува платата на Аргентинецот. Претходниот договор му носеше околу 100 милиони евра годишно. Барселона притисната од финансиската криза, тоне во долгови, јасно е дека клубот ги нема тие пари.

Покрај тоа Меси побарал гаранции дека Лапорта е формира силен тим кој ќе го врати приматот во Шпанија и Европа.

Лионел Меси, во моментов, со репрезентацијата на Аргентина се наоѓа на Копа Америка.

Scroll to Top