Top Sport

Ѓоковиќ без мака до трето коло на Вимблдон – настрада ветеранот Андерсон

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ покажа максимална подготвеност во текот на мечот од второто коло на Вимблдон. Во три сета со по 6-3 лесно и брзо, за 104 минути игра го совлада јужноафриканскиот ветеран, Кевин Андерсон.

Првиот сет го доби со еден освоен бреј, во осмиот гем.

Два брејка на страна на Ѓоковиќ имаше во вториот сет, а а само еден во третиот му беше доволен за триумф над моментно 102-от на АТП листата.

Новак повторно, како и во првото коло имаше проблеми со тревната подлога, во два наврати се слизна и падна, но помина без последици. Потоа следуваше подигнување на нивото на игра и одговор на одличните сервиси на противникот.

Противник во третото коло на српскиот ас ќе му биде подобриот од дуелот Денис Кудла – Андреас Сепи.

Scroll to Top