ПСЖ и Серхио Рамос се далеку од постигнување договор. Рамос од денес е слободен играч, откако му истече договорот со Реал Мадрид. Последните неколку дена, тој и неговиот менаџер водат интензивни преговори со ПСЖ, но како што објави „Ле 10 спорт“, двете страни не можат да ги договорат условите.
Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, бил воодушевен од идејата да работи со шпанскиот ветеран, дал зелено светло за почеток на преговорите кои ги води спортскиот директор Леонардо. Почетокот на преговорите е неуспешен.
ПСЖ на Рамос му нуделе договор на една сезона, Шпанецот барал двегодишен договор.
„Светците“, во летниот преоден рок ќе мора да донесат засилување во одбраната. Леонардо разгледувал неколку опции, доколку му пропаднат преговорите со Рамос, ќе се обиде да го донесе Чалар Сојунџу од Лестер.