Top Sport

Џејкоб Вајли пред трансфер во КК Будуќност

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, кариерата ќе ја продолжи во Будуќност од Подгорица. Вајли, во редовите на црногорскиот шампион доаѓа на барање на новиот тренер Александар Џикиќ.

Вајли зад себе има добра сезона во Сарагоса, каде настапуваше како позајмен играч од Гран Канарија. Во шпанскиот шампионат имаше просек од 10,4 поени и 3,7 скока по натпревар.

Репрезентативецот на Македонија ќе биде третото засилување за Будуќност во преодниот рок. Претходно во Подгорица пристигнаа Един Атиќ од Игокеа и Марко Јагодиќ-Куриџа од Црвена звезда.

Scroll to Top