Македонскиот репрезентативец и член на Лидс јунајтед, Езѓан Алиоски ја имаше неславната чест да биде избран во најслабооценетите 11 на ЕУРО 2020 според статистичкиот веб-сајт „WhoScored?“.
Со просечна оценка од 6.15, Алиоски се најде во одбраната со уште тројца послаборангирани фудбалери – Унгарците Орбан (6.07) и Салаи (6.05) и Велшанецот Вилијамс, кој со 5.88 е најслаборангираниот фудбалер на ЕУРО 2020.
„Друштво“ во овој неславен тим му прават и големи фудбалски имиња – германскиот голман Ноер и неговиот сонародник Вернер, како и Хрватот Анте Ребиќ.