Кристијано Роналдо остварува големи приходи од изнајмувањето на рекламниот простор на својот профил на Инстаграм. На оваа социјална мрежа, Роналдо има 308 милиони пријатели.
Тој од врвот го симна американскиот актер Двејн Џонсон. Според „Hopper HQ“, компанија која се занимава маркетинг на социјалните мрежи, од изнајмувањето на рекламниот простор на Инстаграм, Роналдо може да заработи 1,6 милиони долари.
Доколку сакате да се рекламирате кај Двејн Џонсон, кој има 250 милиони пријатели, тој ќе ви наплати 1,52 милиони долари. Малку поевтина е поп-ѕвездата Аријана Гранде (1,51 милиони долари).
На профилот на Лионел Меси (224 милиони пријатели), рекламниот простор се изнајмува за 1,1 милиони долари.