Веспрем го назначи Момир Илиќ за нов тренер на првиот тим. Илиќ, на функцијата дојде на местото на Давид Дејвис, кој минатата сезона доживеа фијаско со Веспрем.
Момир Илиќ, во периодот од 2013 до 2019 година го носеше дресот на Веспрем. По пензионирањето остана во клубот. Во новата сезона тој ќе дебитира како тренер,
Главна цел, во новата сезона, ќе му биде да ја освои Лигата на шампионите. Илиќ, потпишал три годишен договор.
Неговиот претходник, Дејвис, доби отказ, поради лошите резултати. Веспрем минатата сезона остана без шампионската титула во Унгарија, а во Лигата на шампионите испадна во четврт-финалето од Нант.