Top Sport

Скандал ја тресе Франција – Погба се искарал со пола репрезентација

Француската јавност се уште се занимава со елиминацијата на нивата репрезентација од Европското првенство. Согласни се дека лошата атмосфера меѓу француските ѕвезди придонела за елиминацијата на светските шампиони.

Наводно за лошата атмосфера, покрај Килијан Мбапе, најмногу вина имал Пол Погба. Медиумите објавија преписка помеѓу Погба и Адриен Рабио.

„Имаш проблем пријателе? Ако имаш кажи. Јасно“, го прашал Погба соиграчот Рабио.

„Сите мораме да се браниме. Доколку не се браниме се ќе оди по ѓаволите. Ако не сакаш да се браниш, тогаш оди играј футсал“, порачал Рабио.

Погба неколу „смајлии“ му рекол да молчи.

„По ѓаволите, ни се смееш на сите? Што значи ова?“, прашал рабио, а Погба му одговорил.

„Тоа што го кажав, молчи“.

Погба и Рабио се расправале во групата која Французите ја имаат на „WhatsApp“.

Потоа Погба бил тема на разговор помеѓу Рафаел Варан и Бензаман Павар.

„Беџи, биди внимателен. Не се поставуваш добро кога топката оди во длабочина“, рекол Варан.

„Но тоа е грешка на Погба“, одговорил десниот бек.

„Погба не доаѓа овде, не остава сами во цело ова сра.е“.

„Веднаш ќе разговарам со него“, одговирл Варан.

Scroll to Top