Top Sport

„На Лео му е потребна Барселона и на Барселона и е потребен Лео“

Легендата на Барселона, Чави, бил подготвен да се обложи дека Лионел Меси ќе остане на „Ноу Камп“. Меси од вчера е слободен играч, откако му истече договорот со Барселона.

„Мислам дека Меси ќе потпише нов договор. Ситуацијата на пазарот е таква, мораме да бидеме трпеливи. Претпоставувам дека тој разговара со претседателот и останатите клупски челници“, рекол Чави.

„Му посакувам на Меси се најдобро, како негов пријател и како навивач на Барселона. Би сакал да остане. Се надевам дека ќе постигнат договор и дека наскоро ќе биде официјализирана соработката“.

Меси целата досегашна кариера ја минува во Барселона.

„Доколку треба да се обложам, би рекол дека ќе остане, иако во фудбалот досега сме виделе многу работи. На Лео му е потребна Барселона и на Барселона и е потребен Лео. Среќен е таму, во Барса ја мина целата кариера“, заклучил Чави.

Scroll to Top