Top Sport

Оливер суди во Санкт Петербург, Винчиќ во Минхен

Англичанецот Мајкл Оливер ќе го суди дуелот помеѓу Шпанија и Швајцарија, додека главен на натпреварот Белгија-Италија ќе биде Словенецот Славко Винчиќ.

Најдобриот англиски судија, Оливер, во досегашниот тек на Европското првенство судеше два натпревари: Унгарија-Фрнција (1:1) и Шведска-Полска (3:2). На овие натпревари покажал пет жолти картони.

Оливер е најмладиот судија кој добил шанса да суди во Премиер лигата. Во јануари 2010 година, имал 24 години кога им судел на Фулам и Портсмут.

Винчиќ (42), исто така судеше два натпревари во првата фаза: Шпанија-Шведска (0:0) и Швајцарија-Турција (3:1). Во просек покажува по четири жолти картони.

Scroll to Top