Тони Крос повеќе нема да игра за репрезентацијата на Германија. Репрезентативната пензија тој ја објави на својот профил на Инстаграм.
„Одиграв 106 натпревари за Германија. Тука ставам точка. Би дал се кариерата да ја завршев со 109 натпревари, односно да игравме во финалето на Европското првенство и да ја освоевме титулата. За жал не беше така“, напишал Крос.
Истакнува дека долго време му требало да ја однесе оваа одлука.
„Созреа во мојата глава дека нема да играм на СП во Катар во 2022 година. Сакам да се фокусирам на моите партии во Реал Мадрид. Исто така сакам подолго да бидам на летните одморо. 11 години немав нормален одмор. Сакам повеќе време да поминувам со семејството. Ми беше чест што го носев репрезентативниот дрес“.
View this post on Instagram
Крос им се заблагодари на сите од кои имал поддршка во репрезентацијата.
„Навивачите ме мотивираа со своите аплаузи. Им благодарам на критичарите за дополнителната мотивација. И секако, благодарност до селекторот Јоаким Лев. Од нас направи светски шампиони. Веруваше секогаш во мене. Ми беше чест. Му посакувам многу среќа на новиот селектор Ханси Флик“, заклучил Крос.