Top Sport

Салах е играч на сезоната и во изборот англиските новинари

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за фудбалер на годината во Англија. Изборот го организираше Асоцијацијата на англиските спортски новинари. Во изборот, Салах ја доби наградата пред играчот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне.

Сезонава, брилијантниот 25-годишен напаѓач, ја освои „двојната круна“, откако претходно истото признание го доби и од Асоцијацијата на професионалните фудбалери.

Инаку ова е 15.пат во ерата на Премиер лигата еден фудбалер да ги освои двете награди.

Салах е третиот играч на Ливерпул откако постои Премиер лигата што ја добил наградата на Асоцијацијата на спортски новинари. Претходно тоа им успеало на Стивен Џерард и Луис Суарез.

Фудбалските новинари, од сезоната 1947/48, го организираат изборот за играч на годината. Минатата година наградата ја доби фудбалерот на Челси, Н’Голо Канте.

Scroll to Top