Top Sport

Ѓоковиќ: Годините не ми се фактор кога ќе завршам со тенисот

Новак Ѓоковиќ за Макфакс и Топспорт

По победата над американскиот тенисер Денис Кудла со 3-0, светскиот тенисер број еден, на прес конференцијата одговори и на прашањето на известувачот на Макфакс и Топспорт од Вимблдон, Ненад Живановски. Нашиот известувач го праша Ноле дали му е позната анализата која преку компјутерски софтвер пресметува каква е метаболичката старост на еден спортист.

Прашањето беше мотивирано, бидејќи пред неколку месеци медиумите објавија дека таквата анализа покажала дека метаболичката старост на Рафаел Надал е идентична на четириесет годишен човек, додека во случајот на Кристијано Роналдо резултатот бил дека метаболичката состојбана неговото тело е приближна на дваест и три годишно момче. Гледајќи го со каква физичка виталност игра, се добива впечаток дека Новак е едно десетина години помлад. На ова Ѓоковиќ одговори:

„Сè уште не сум ја направил таа анализа, но сум слушнал за тој вид тестирање и имам желба да го направам. Велат дека човекот е реално стар или млад онолку колку вистински се чувствува, а јас се чувствувам како млад и не гледам на годините како на некој фактор кој ќе ми ја успори кариерата или нешто што ќе биде решавачко за тоа кога ќе завршам со тенисот. Мислам дека ставот кој го имам и менталниот пристап кои ми се позитивни е она што ми овозможува да продолжам понатака и да бидам мотивиран и инспириран. Што се однесува до мојата метаболичка ситуација, заинтересиран сум тоа да го направам со малку подетална студија, па од неа ќе видам каде се наоѓам“, одговори Србинот.

Видео линк кон прес конференцијата:

Scroll to Top