Од следната недела, фановите на Барнли можат да го добијат своето пиво пред натпревар во паб кој го носи името на нивниот веќе славен менаџер, Шон Дајч.
Минатиот ноември, пабот „Ројал принцес“ во близината на стадионот на Барнли, „Турф мур“ вети дека ќе го смени името на пабот во „Ројал Дајч“, доколку тој успее да ги квалификува во Лигата на Европа.
По ремито без голови против Брајтон минатиот викенд, Барнли осигура пласман во топ 7, по што сопственичката на пабот, Џастин Лоримен, мораше да го исполни ветувањето.
„Не знам дали сум повеќе возбудена од пласманот во Европа или од преименувањето на пабот. Ќе одам на наградите за најдобар играч следната недела и се надевам дека ќе се сретнам со Дајч и ќе го добијам неговиот благослов“, изјави Лоримен.
Дајч претходно саркастично најави дека сака пабот да го носи името „Згодниот црвенокос дечко“ во негова чест.
Шон Дајч ќе добие паб со неговото име ако Барнли влезе во Европа