Top Sport

Шон Дајч ќе добие паб со неговото име ако Барнли влезе во Европа

Менаџерот Шон Дајч е еден од најзаслужните што тимот на Барнли е едно од најголемите изненадувања во Премиер лигата оваа сезона, со пласман на шестото место по 15 натпревари.

Навивачите на „кларетс“ се презадоволни, а локални сопственици на паб ветија дека ќе го сменат името во „Д Дајч“, доколку тој успее да ги внесе во Лигата на Европа. Пабот „Принсес ројал“, кој се наоѓа во близината на стадионот „Турф мур“, веќе обезбеди бесплатни пијачки за Дајч откако минатата сезона ги внесе во Премиер лигата.

Барнли во средата ги совладаа Бурнемаут со 2:1 на гости, а сега имаат релативно лесен распоред до Божиќ – домашни натпревари против Стоук и Ватфорд, така што фановите може навистина ќе сонуваат за Европа.

Scroll to Top