Top Sport

Шаповалов го елиминираше својот херој Енди Мареј на Вимблдон

Канаѓанецот Денис Шаповалов првпат во кариерата влезе во четвртото коло на Вимблдон, откако со 6:4/6:2/6:2 го „уништи“ поранешниот шампион Енди Мареј, за кого признава дека бил негов тениски идол.

34-годишниот Мареј, кој се врати на Вимблдон првпат од 2017 по две операции на колкот, претходно во вечерните сесии во Лондон ги победи Николоз Басилашвили и Оскар Оте, но против 22-годишниот Шаповалов едноставно не можеше.

Шаповалов беше безмилосен за да стигне до дуел со Шпанецот Роберто Баутиста Агут во осминафиналето на турнирот.

„За мене беше остварување на сонот да играм против легенда како Енди. Тој ми е огромна инспирација и не знам дали може да имам подобра победа. По мечот му кажав дека ми е херој“, вели Шаповалов.

Scroll to Top