Кошаркарскиот клуб Партизан, го урна клупскиот рекорд со потпишувањето на еден од најголемите договори на просторите на поранешна Југославија. Кевин Пантер, потпиша двегодишен договор, вреден нешто помалку од три милиони долари. Платата на Пантер е поголема од буџетот што го имаат најголемиот број на клубовите од регионот.
Пантер, минатата сезона ја мина во Арамни Милано. Со овој клуб играше на завршниот турнир во Евролигата. Просечно по натпревар постигнуваше по 14,3 поени.
Овој Американец, кој има и српски пасош, пред Арамани Милано, го носеше дресот на најголемиот ривал на Партизан, Црвена звезда. Во сезоната 2019/2020, која беше прекината поради коронавирусот тој во Евролигата имаше просек од 15,9 поени по натпревар.
Пантер решил да потпише за Партизан поради богатата понуда и поради тренерот Жељко Обрадовиќ кој по 30 години се врати во клубот.