Душан Тадиќ во новата сезона ќе го носи дресот на Милан. Даниел Лонго, новинарот на „Калчомеркато“, објави дека Тадиќ ја договорил платата и дека останува само клубовите да се договорат околу обесштетувањето.
Тадиќ е играч на Ајакс од 2018 година, на 93 натпревари постигнал 53 гола. Го предводеше тимот до три титули во низа во холандското првенство.
Претходно во кариерата, Тадиќ, играл во Војводина, Гронинген, Твенте и Саутемптон.
Во тимот на Милан, Тадиќ, доаѓа на местото на Хакан Чалханоглу кој се пресели во Интер.