Дилан Тонс, возачот на Бахреин Викториус, победи на осмата етапа на трката околу Франција. Етапата долга 150,8 километри се возеше од Ојонакс до Ле Гран Боранд, Тонс ја мина за 3:54.41 часа. Второто место му припадна на Мајкл Вудс.
Иако победи Тонса, вистински победник на оваа етапа е Тадеј Погачар. Бранителот на титулата, имаше 49 секунди послабо време од победникот, меѓутоа го презеде водството во генералниот пласман.
Погачар има една минута и 48 секунди предност пред Белгиецот Вут Ван Ерт.
Деветтата етапа се вози утре од Клус до Тињ и е долга 144,9 километри.