Top Sport

Англија има минимална преност

Англија и Украина, во Рим, го играат последното четврт-финале на Европското првенство.

По првото полувреме, Англија, има предност од 1:0.

Иницијативата која ја нематнаа Англичаните од почетокот на мечот, вроди со плод по само четири минути игра. Стерлинг му асистираше на Кејн кој го совлада Бушчан.

Во првата половина од полувремето Англија го диктираше ритамот. Најсеризната шанса за зголемување на предноста ја имаше Рајс. Неговиот удар од 20 метри, во 34.минута го одбрани Буѓчан.

Ураинците имаа неколку опасни напади, но не успеаја сериозно да се заканат кон голот на Пикфорд.

Scroll to Top