Top Sport

Федерер ќе настапи на ОИ во Токио

Роџер Федерер ќе настапи на Олимписките игри во Токио. Олимпискиот комитет на Швајцарија, потврди дека еден од 116 спортисти кои ќе ја претставуваат земјата на Олимписките игри ќе биде и славниот тенисер.

Федерер решил да настапи во Токио, откако „видел“ дека може да ги издржи напорите на Вимблдон.

Игрите во Токио ќе бидат петти во неговата кариера.

Федерер има злато во дубл со Стен Вавринка во 2008 година и сребро во поединечна конкуренција во 2012 година.

Роџер Федерер, денес, во Вимблдон ќе го игра осмина-финалниот меч против Лоренцо Сонего.

Scroll to Top