Top Sport

Незапирливиот марш на Ѓоковиќ на Вимблдон – доминација за 50. гренд слем четврт-финале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ незапирливо оди кон својата рекордна 20. гренд слем титула, откако со 6:2/6:4/6:2 за само 110 минути го совлада Чилеанецот Кристијан Гарин за пласман во четврт-финалето на Вимблдон, негово неверојатно 50. гренд слем четврт-финале.

Ѓоковиќ го отвори мечто со брејк и следниот гем го освојува без загубен поен, за потоа да направи уште еден брејк и лесно да го освои првиот сет. Во вториот сет, Гарин почна подобро, со неуспешни две брејк топки, а не дозволува Ѓоковиќ да направи брејк на 3:3. Сепак, два гема подоцна, Ѓоковиќ пак прави брејк за да го освои сетот, и на крајот во третиот сет со два лесни брејка влегува во четврт-финалето.

Следен за Ѓоковиќ е Унгарецот Мартон Фучович, кој во маратонски меч во пет сета го исфрли рускиот фаворит Андреј Рубљов со 6:3/4:6/4:6/6:0/6:3.

И кај дамите, светската тенисерка број 1, Ешли Барти забележа победа, „нокаутирајќи“ ја шампионката од Ролан Гарос, Барбора Крејчикова со 7:5/6:3 за првпат во кариерата да влезе на едно четврт-финале во Лондон. Следна за Австралијката е подобрата од мечот меѓу Британката Ема Радучану и Хрватката Ајла Томљановиќ.

„Барбора има фантастична година и знаев дека нема да биде лесно. Но, конечно, можам да се пофалам дека играм добро на трева“, вели Барти.

Scroll to Top