Шпанските шампиони Атлетико Мадрид го потврдија трансферот на младиот Португалец, Маркос Пауло од бразилскиот Флуминенсе.
Пауло е произлезен од младинската школа на Флуминенсе и имаше и бразилско државјанство, пред да реши да игра за Португалија, за која веќе настапуваше во У-21 репрезентацијата. 20-годишниот Пауло пристигнува на „Ванда Метрополитано“ како слободен агент и е прво засилување за тимот на Диего Симеоне.
Од Атлетико веќе си замина Муса Дембеле откако имаше само пет настапи за тимот, враќајќи се во Лион од каде што беше позајмен.
Marcos Paulo passed his medical at @ClinicaNavarra before signing his contract ?? pic.twitter.com/bljJyS9Z4X
— LALIGA CHAMPIONS ?⚪️? (@atletienglish) July 5, 2021