И оваа сезона нама да се вози трката за Големата награда на Австралија. Организаторите ја откажаа трката, поради строгите епидемиолошки мерки во државата. Поради пандемијата со коронавирусот, Големата награда на Австралија не се возеше и во 2020 година.
„Со жалење мораме да објавиме дека трката за Големата награда на Австралија е откажана, поради логистичките предизвици кои се однесуваат на ковид протоколите“, соопштија организаторите.
Големата награда на Австралија требаше да се вози на 21.ноември.
Од исти причини, на 24.октомври, нема да се вози и Големата награда на Австралија во Мото ГП шампионатот.