Сампдорија нема намера да го продава, во овој преоден рок, младиот дански фудбалер, Микел Домсгард. 21-годишниот фудбалер блеска на ЕУРО 2020, поголема шанса доби по несреќата која му се случи на Кристијан Ериксен.
Според „Трансфермаркт“, Домсгард вреди 13 милиони евра. За овој играч Вест Хем понудиле 20 милиони евра, а интерес покажале и од Севилја и уште неколку други клубови од Серија А.
„Имаме јасна цел. Тој е млади играч, тој е иднината на клубот, не сме заинтересирани за парите. Нема шанси да го продадеме“, им порачале од Сампдорија на оние кои се заинтересирани за услугите на Домсгард.