Top Sport

Ѓоковиќ: Не сум болен, две години ја извртуваат вистината

Новак Ѓоковиќ, по лошите резултати што ги забележа на турнирите во Монте Карло и Барселона, реши да не ја прифати понудата за учество на турнирот во Ешторил, туку со својот тим се пресели во Белград, каде се подготвува за мастерс турнирите во Мадрид и Рим, односно гренд слемот Ролан Гарос.

Ѓоковиќ по денешниот тренинг одговорил на неколку прашања на белградските медиуми, негирајќи дека боледува од онорексија.

„Немам што да кажам. Не би сакал да дискутирам на таа тема. Луѓето, за жал, многу лесно знаат да превртат некоја информација. Тоа го правеа две години. Не следам никакви вести веќе неколку години“, рекол Ѓоковиќ.

Швајцарскиот нутриционист Јерг Хосл, минатата недела изјави дека српскиот тенисер е сериозно болен и дека онорексијата е предизвикана од навидум здравата исхрана.

Поранешниот број 1 признал дека избрзал со враќањето по операцијата на лактот и дека тоа е причината за лошите резултати.

„Хируршката интервенција беше добро решение, иако бев против тоа. Се решив за операција, а потоа избрзав со враќањето, тоа исто така беше моја одлука. Шест месеци не играв тенис, ми недостигаше играта. Направив грешка и тоа ми се „удри од глава“.

Тој потенцирал дека враќањето на првото место засега не му е приоритет и дека со тренерот Вајда и кондицискиот тренер Грич ќе работи до завршувањето на Ролан Гарос.

„Направивме планови до крајот на сезоната на земјана подлога, заклучно со Ролан гарос. Птооа, повторно ќе седнеме, ќе анализираме и ќе кроиме планови за во иднина“, завршил Ѓоковиќ.

Швајцарски нутриционист тврди дека Ѓоковиќ е болен

Scroll to Top