Top Sport

Свен Улрајх: Жалам…немам објаснување

Баерн Минхен не успеа да го мине Реал во полу-финалниот двомеч, во Лигата на шампионите. Реал славеше со вкупен резултат 4:3, а два од четири гола постигна по катастрофалните грешки на противничките фудбалери. Во првиот натпревар Реал вториот гол го постигна по киксот на рафиња, а во реваншот вториот гол на „кралевите“ им го подари голманот на Баерн, Свен Улрајх.

Разочарн и несреќен, Улрајх, остана уште долго време по завршувањето на натпревар на теренот на „Сантијаго Бернабеу“.

Улрајх, по (не)проспиената ноќ се огласи на „Инстаргам“.

„Зборовите не можат да го опишат моето разочарување што испаднавме од Лигата на шампионите. Многу сакавме да се пласираме во финалето, дадовме се од себе и тогаш му се случи таа непотребна грешка. Немам објаснување. Жалам…поради мојот тим и поради вас, навивачите“, напишал Улрајх.

Scroll to Top