Шпанија и Италија не успеаја да постигнат гол во првите 45 минути од првото полуфинале на ЕУРО 2020, во полувреме во кое Шпанците имаа над 60 отсто посед на топката, но на двете страни на голот ниту голови, ниту посериозни шанси за гол.
Италијанците започнаа со стативата на Николо Барела по само четири минути игра, но судијата исправно оцени дека се работеше за офсајд, по што Шпанците почнаа да доминираат со поседот на топката, како што е вообичаено на тимот на Луис Енрике.
Во 21. минута, огромна шанса за Италија, откако Емерсон успеа да му избега на Азпиликуета и на голманот Симон, и му додаде на Имобиле, кој имаше празен гол, но наместо бргу да шутира, му додаде на Инсиње, кој беше сопрен од шпанската одбрана.
Само пет минути подоцна, по лошата реакција на Донарума, Дани Олмо имаше убава шанса, но беше сопрен од Кјелини. Олмо им создаде најмногу проблеми на Италијанците, но патот до голот на Донарума беше сопрен. Ојарзабал исто така се закани, за вкупно пет удари на голот на Италија, со ниту еден во рамките на голот на Унаи Симон.
Се надеваме на поактивно, поатрактивно и повозбудливо второ полувреме, иако не радува фактот што Шпанија досега на ЕУРО 2020 само еден меч го доби во 90 минути игра.