Швајцарскиот тениски ветеран, Роџер Федерер го заврши настапот на годинешниот Вимблдон со настапот во четвртфиналето. Во овој ранг на натпреварувањето тој на својата омилена подлога загуби убедливо со 3-0 (по сетови 6-3 7-6 и 6-0) од полскиот тенисер Хуберт Хуркач.
Моментно 18-от светски тенисер со една од своите најдобри партии за помалку од 2 часа го „реши“ некогаш најдобриот на АТП листата.
Во првиот сет се играше израмнет меч, а единствениот бреј на Полјакот доволен за предност од 1-0 во сетови се случи во 6-от гем.
Вториот сет беше уште поизрамнет. Со по еден освоен сервис на противникот двајцата тенисери го одведоа сетот во тај-брејк. Тука поконецентриран беше 24-годишникот кој го доби тај-брејкот со 7-4.
Во третиот сет на дело се покажа психолошката предност на Хуркач наспроти индиспонираниот 40-годишен Федерер.
Со чисти 6-0 Хуркач го елиминираше славниот противник и обезбеди пласман во полуфиналето – најдобар резултат во неговата кариера.
Таму ќе се судри со подобриот од дуелот Беретини – Оже-Алиасим во кој италијанскиот тенисер има предност од 1-0 по првиот и водство во вториот сет.