Во 83-тата година од животот почина проф. Д-р Ѓорѓи Спасов, истакнат спортски и научен работник.
Д-р Спасов беше еден од првите доктори на науки во Македонија од областа на спортот и физичката култура, основоположник на Факултетот за физичка култура и негов долгогодишен декан.
Во својата кариера напиша десетина научни книги и беше добитник на повеќе државни награди и признанија. Вон професиналните ангажмани беше и кондиционен тренер на ФК Вардар и КК Работнички во нивните најдобри времиња.
Беше пионер во интегрирањето на иновативните кондициони и психолошки светски достигнувања со цел подобрување на резултатите на врвните спортисти.