Top Sport

1.000 Италијанци од Италија можат да одат во Лондон за финалето

Најмногу 1.000 навивачи од Италија, ќе можат да бидат на Вембли, во недела, кога ќе се игра финалето на Европското првенство. На претходните два натпревари, кои Италија во осмина и полу-финалето ги одигра на Вембли, поради строгите епидемиолошки мерки, немаше навивачи од Италија. Националниот тим имаше поддршка од сонародниците кои живеат и работат во Велика Британија.

„Британските власти гарантираа дека 1.000 луѓе од Италија ќе можат да дојдат во Лондон. Секако ќе мора да почитуваат неколку правила на британската влада“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Навивачите кои ќе пристигнат во Лондон ќе можат да останат најмногу 12 часа, на стадионот ќе бидат сместени во посебен сектор. Пред патот ќе мора да направат ПЦР тест, а по враќањето во Италија за нив е задолжителен петдневен карантин.

Сите оние што сакаат да ја поддржат Италија на Вембли, за ова задоволство ќе мора да издвојат по 610 евра за патот и 95 евра за билет.

Покрај овие 1.000 булето, Италијанскиот фудбалски сојуз доби уште 6.500 билето и тие ќе ги добијата Италијанците кои живеат и работата во Велика Британија.

Финалето на Вембли ќе се одигра во недела од 21 часот.

Scroll to Top