Македонските тимови попладнево ќе ги играат првите мечеви во Конференциската лига. Деби на еворпската сцена, на гостински терен, ќе има Струга, додека Силекс и Шкупи ќе бидат домаќини во првите натпревари.
Струга и Силекс своите натпревари ќе ги започнат од 16 часот. Стружани гостувата во Летонија кај Леипаја, додека Силекс ќе го пречека Петрокуб од Молдавија.
Шкупи во 20 часот ќе им биде домаќин на фудбалерите на Љапи од Косово.
Реванш натпревари ќе се одиграат за една недела.