Новак Ѓоковиќ наскоро ќе стане првиот тенисер во историјата, кој само од играње тенис заработил најмалку 150 милиони долари.
Оваа граница тој ќе ја мине по завршувањето на Вимблдон. Според официјалните податоци, од турнирите, Ѓоковиќ досега заработил 149.810.010 долари.
Ѓоковиќ во кариерата освоил 19. Гренд слем титули, една помалку од Роџер Федерер и Рафаел Надал. Сезонава победи на Гренд слем турнирите во Австралија и Франција.