Top Sport

Мурињо на првиот прес во Рома: За три години ќе славиме. Нешто!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја одржа првата прес-конференција како тренер на Рома.

„Морав трипати да го менувам бројот на телефонот откако беше објавено дека сум новиот тренер на Рома. Ми недостасуваше Италија, но ме чека многу работа, нема време за уживање. Но, сега имам повеќе искуство, емоционално сум постабилен. Секогаш ќе го бранам клубот во кој работам“ вели „Специјалниот“.

Не заборави да потсети на минатото.

„Освоив три трофеи со Манчестер Јунајтед и тоа беше видено како катастрофа. Она што мене ми го префрлаат како катастрофа, за други се добри резултати, големи успеси. На Рома не и е потребен изолиран успех, еден трофеј како случајност. Газдите на клубот сакаат клубот да напредива, да дојде до повисоко ниво и таму да остане. Ќе работиме напорно и ќе дојдеме до трофеј“ вели Мурињо.

На прашањето каде ја гледа Рома за три години, Португалецот дециден:

„Гледам како славиме. Нешто“.

Scroll to Top