Top Sport

Дешам останува на клупата на „триколорите“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешам ќе остане на истата позиција и во наредниот период, пренесоа денеска медиумите.

Потврда стигна и од претседателот на Францускиот фудбалски сојуз, Ноел ле Гре кој изјави дека договорот бил постигнат за само „3 минути“.

Иако по елиминацијата од Швајцарија се пишуваше за пореметени односи во таборот на „галските петли“, а на удар се најде токму Дешам, сепак тој останува селектор.

„Дешам ќе ја предводи нашата селекција на Мундијалот во Катар. Имавме состанок во средата во Генган, опширно разговаравме за се. Меѓутоа, работата е решена за 3 минути. Неговата волја да ја продолжи започнатата работа беше многу силна. И мојата беше иста таква. Воопшто немаше дебата“ рече првиот човек на францускиот фудбал.

Scroll to Top