Откако ќе ја заврши кариерата, Џанлуиџи Буфон, ќе добие една од функциите во фудбалската репрезентација на Италија, пишуваат медиумите на Апенините.
Легендарниот голман ќе се пензионира по завршувањето на сезоната. Тој го одби својот клуб Јувентус да продолжи да брани уште една сезона, а исто така ја одби и понудата од Бока јуниорс.
Иако Буфон официјално не потврдил дека повеќе нама да брани, Италијаните шепкулраат дека ова е неговата последна сезона, а дека од националниот тим ќе се прости на 4.јуни кога Италија во Торино ќе одигра пријателски натпревар против Холандија.
Буфон добил понуда да остане и да добие некоја функција во Јувентус, меѓутоа тој ја одбил понудата, а како што пренесе „Калчомеркато“, желбата на легедарниот голман е неговата работа да биде поврзана со националниот тим.
Медиумите шпекулираат дека тој ќе ја добие функцијата тим-менаџер во репрезентацијата на Италија.
Фудбалскиот сојуз на Италија ова треба да го потврди откако ќе го именува новиот селектор, а тоа најверојатно ќе биде Роберто Манчини.