Top Sport

Симеоне: Мораме да делуваме како тим

Атлетико вечерва ќе го пречека Арсенал во полу-финалниот реванш во лига Европа. „Јорганџиите“ имаат повелен резултат 1:1 по првиот натпревар одигран минатиот четврток во Лондон.

Резултатот од првиот меч ќе му овозможи на Атлетико мирно да влезе во натпреварот, меѓутоа сите на „Ванда Метрополитано“ се свесни дека сите опции се уште се во игра.

„Постојат натпревари што се играат со срце, овој е еден од нив. Во реваншот ни е потребно стадионот да „експлодира“ и да имаме голема поддршка од нашите навивачи“, рекол тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Аргентинецот, вечерва, нема да може да го води својот тим, бидејќи беше исклучен во 13.минута на натпреварот во Лондон.

„Секој од нас мора да биде на својот максимум, мораме да ги заборавиме личните амбиции и да размислуваме како да бидеме добри како тим“, дополнил Аргентинецот.

Тренерот на Атлетико, слично како и пред првиот дуел, не штедеше комплименти за противникот, а посебно го издвоил Месут Езил.

„Тој е најопасниот фудбалер на Арсенал“, рекол Симеоне.

Дуелот, Атлетико-Арсенал стартува во 21:05 часот.

Scroll to Top