Top Sport

Леброн инвестирал во Ливерпул и заработил 25,5 милиони долари

Пласманот на Ливерпул во финалето, во лигата на шампионите, откако со вкупен резултат 7:6 ја елиминира Рома, ги направи среќни не само навивачите на „црвените“, туку и најдобриот играч на денешницата Леброн Џејмс.

Џејмс во 2011 година, вложил 6,5 милиони долари во акциите на Ливерпул, односно купил два отсто од клубот, а сега седум години подоцна, тоа повеќекратно му се врати.

Проценките се дека во овој момент два отсто од акциите што ги поседува Џејмс сега вредат 32 милиони долари. Причина е вредноста на Ливерпул која се проценува на 1,6 милијарди долари.

Прогнозите се дека акциите на Ливерпул дополнително ќе пораснат доколку тимот ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Scroll to Top