Top Sport

Сефте за Англија или втора титула за Италија

Европа вечерва ќе добие нов фудбалски владател. Во Лондон, за европската титула ќе се борат Англија и Италија.

Англија и Италија до финалето дојдоа без пораз. Англија во групата ги победи Хрватска и Чешка, одигра нерешено со Шкотска, во осмина-финалето ја победи Германија, во четврт-финалето ја декласираа Украина, а во претходната рунда, со сомнителен пенал, во продолженијата славеа над Данска.

Италија, со три победи: Турција, Швајцарија, Велс, ја мина групата, во осмина-финалето по продолженијата ја победија Австрија, беа подобри од Белгија во четврт-финалето и од Шпанија, по изведувањето на пенали во полу-финалето.

Англија на голема титула чека 55 години, од Светското првенство во 1966 година, додека Италија се надева дека по пауза од 53 години ќе ја освои втората европска титула.

Азурите во 21 век два пати играле во финалето на европските шампионати, во 2000 беа поразени од Франција, а во 2012 од Шпанија.

Традицијата е на страната на Италија, последниот меч на Вембли одигран во 1997 година, во квалификациите за пласман на Мундијалот во Франција им припадна на Италијанците со 1:0.

На големите натпреварувања Италија има победи над Англија во 1980, 1990, 2014, додека на ЕУРО 2012 Азурите славеа во четврт-финалето по изведувањето на пенали.

Можни состави:

Италија: Донарума – Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон – Верати, Жоржињо, Барела – Кијеза, Инсиње, Имобиле
Англија: Пикфорд – Вокер, Сотнс, Мегваер, Шо – Рајс, Филипс – Маунт, Стерлинг, Сака – Кејн

Натпреварот ќе започне во 21 часот, а ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кујперс.

Scroll to Top