Аргентина го прекина 28-годишниот, а Лионел Меси 16-годишниот пост на големите натпреварувања.
Гаучосите, на Маракана, го победија Бразил со 1:0 и ја освоија титулата на Копа Америка. Ова е прв трофеј за Аргентина по 1993 година и воопшто прв за Меси со репрезентацијата.
Меси, два пати губеше од Чиле на пенали во финалните натпревари на Копа Америка, а во 2014 година не успеа да слави со Аргентина во финалето на Светското првенство.
Лионел Меси, по финалниот меч, беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Постигна четири гола и забележа пет асистенции, тој учествуваше во девет од 12 голови кои ги постигнаат Аргентинците на Копа Америка.
„Овој меч ќе влезе во историјата. Го победивме Бразил на Маракана“, порача Меси и дополни.
„Морав да се ослободам од товарот дека не можам да освојам трофеј со националниот тим. Многу пати бев блиску, знаев дека работите некогаш ќе одат во лоша насока, но исто така знаев дека кога тогаш ќе се случи тоа. Му благодарам на Бога што ми го подари овој момент, против Бразил во Бразил. Бог овој момент го чуваше за мене“.
Според многумина, со овој триумф на Аргентина, Меси може да биде крунисан во најдобар играч на сите времиња.
Messi’s family couldn’t be in Brazil due to COVID-19 restrictions, but that didn’t stop him from sharing this moment with them ?
(?: @CopaAmerica)pic.twitter.com/W71KNzjEuc
— B/R Football (@brfootball) July 11, 2021