Top Sport

САД бараат ВАДА да не ги казнува спортистите кои консумираат марихуана

Состанок со Светската анти-допинг агенција (ВАДА), во врска со случајот на атлетичарката Шакари Ричардсон, побарале од Белата куќа. Шакари, по националниот шампионат, падна на допинг тестот. Таа била позитивна на канабис. Од Белата куќа побарале од ВАДА да ги намали рестрикциите, кога се во прашање спортисти кои користат марихуана.

21-годишната Ричардсон, автоматски доби едномесечна суспензија, што значи дека нема да може да учествува на Олимписките игри во Токио. Шакари Ричардсон, во Токио, требаше да биде еден од фаворитките за златниот медал, на трката на 100 метри.

Scroll to Top