Репрезентативецот на Мексико, играч на Наполи, Ирвинг Лозано, доживеа страшна повреда на главата на натпреварот против Трининад и Тобаго во рамките на Голд купот.
Лозано, беше во дуел со двајца противнички играчи, кога падна во шеснаесетникот, но со главата удри во коленото на голманот Марвин Филип.
Теренот го напушти на носилки, со крвата глава и имобилизација на вратот. Лозано бил итно хоспитализиран. Фудбалскиот сојуз на Мексико, објави дека напаѓачот бил свесен, во стабилна состојба и дека му претстојат дополнителни прегледи.
Лозано е играч на Наполи од 2019 година. За клубот од Неапол има одиграно 77 натпревари, постигнал 20 голови. За неговиот трансфер од ПСВ Ајндховен, Наполи издвои 35 милиони евра.
Chilling blow suffered by Hirving Lozano. Pray that he is fine. #FuerzaChucky pic.twitter.com/4oSwOdPSqI
— Joshie (@Joshiee48) July 11, 2021