Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд се откажа од сонот да стане професионален боксер, откако Британскиот боксерски совет (БББЦ) не му додели лиценца.
Две години по пензионирањето од фудбалот, Фердинанд минатиот септември објави дека планира да влезе во рингот како дел од ПР-кампањата на „Бетфер“, и 39-годишниот Англичанец требаше да тренира со поранешниот шампион во велтер категорија, Ричи Вудхол и да влезе во рингот во текота на 2018.
„Со тешко срце објавувам дека ги оставам ракавиците, и навистина сум разочаран од ситуацијата. Не добив шанса да ги покажам своите квалитети, така што овие шест месеци отидоа во вода“, вели Фердинанд.
Сепак, ако ништо друго тој се повлекува како непоразен.