Top Sport

Клајверт: Подобро трофеј од ЛШ отколку двојна шпанска титула

Пред новото „Ел класико“ овој викенд, поранешниот напаѓач на Барселона, Патрик Клајверт признава дека ако Реал Мадрид ја освои титулата од Лигата на шампионите, тоа ќе биде поголем успех од двојната домашна титула на Блауграна.

Холанѓанецот ја освои својата титула од ЛШ со Ајакс во 1995 година, и вели дека тоа е најголемото остварување во светот на фудбалот.

„Лигата на шампионите е најголемата титула за било кој клуб, но е многу тешко да се стигне дотаму. Двојната титула во Шпанија е одлична, но Лигата на шампионите е подобра опција. Но, ако играш финале на ЛШ, подобро да победиш, бидејќи ако не го направиш тоа, немаш ништо. Реал Мадрид играат добро и секогаш го прават тоа што е потребно“, вели Клајверт.

Барса гостува во Мадрид овој викенд, во меч во кој „Лос бланкос“ направија контроверзи пред мечот воопшто да почне, одбивајќи да им дадат „почесна стража“ (пасилјо) по освојувањето на шпанската титула.

„Не го сфаќам тоа, што им пречи пасилјото? Имаат свои причини, но некои традиции треба да се почитуваат“, додава Клајверт.

Фото: ЕПА

Scroll to Top